24фудбал

Дали Баерн Минхен беше оштетен во дуелот со Реал Мадрид? (ВИДЕО)

Две спорни ситуации кои фановите ги поврзуваат со пеналот на Бенатија.

Лига на Шампиони

Доста полемика предизвика пеналот кој Бенатија го направи врз Васкез по кој Роналдо погоди за Реал Мадрид во реваншот против Јувентус и го одведе својот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Во синоќешниот дуел каде европскиот првак славеше со 1-2 во првата пресметка со Баерн Минхен, љубителите на фудбалот издвоија две спорни ситуации за кои запрашаа дали постоеше пенал за германскиот тим, и во двете ситуации се најде Роберт Левандовски, како и Дани Карвахал од таборот на гостите.