24фудбал

Две кандидатури за организација на ЕП 2024

Германија доби сериозна конкуренција кандидатурата за организација на Европскиот шампионат во 2024. година

Останато

Турција и се придружи на Германија и поднесе барање до Европската куќа на фудбалот – УЕФА, за организација на Европското првенство во 2024. година.

Ова е историски ден за турскиот фудбал, задоволство ни беше тоа што ја претставивме нашата прорама која ја сметаме за најдобра и со огромна посветеност“ рече првиот човек на турскиот фудбал, Сервет Ирдимџи.

Турција аплицираше и за организација на европскиот турнир во 2016. година, но кандидатурата ја доби Франција, претстојниот турнир предвиден во 2020. година ќе се одржи на повеќе места низ Европа.