24фудбал

Рома со прекрасен гест за повредениот навивач на Ливерпул (ФОТО)

Италијанскиот тим му покажа поддршка на повредениот навивач на Ливерпул.

Лига на Шампиони

Шон Кокс е навивачот на Ливерпул кој се наоѓа во кома откако навивачи на Рома го претепаа пред арената „Енфилд Роуд“ во првата пресметка помеѓу двата клуба во полуфиналето од Лигата на шампиони, откако англискиот тим славеше со 5-2.

Во битката за живот, како поддршка се вклучија и фудбалерите на Рома кои на денешниот тренинг пред утре вечерниот реванш меч се појавија на со маици на кои пишуваше „Напред Шон“.