24фудбал

Рома победи, но Ливерпул се радува на финале (ВИДЕО)

Рома оствари пирова победа против Ливерпул, триумфираше со 4-2, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од три разлика која ја имаа од Енфилд.

Лига на Шампиони

Рома одигра добар натпревар против Ливерпул, фудбалерите на Ди Франческо покажаа голема желба за да направат уште едно чудо, но успеаја само да победат со недоволен резултат за финале.

Атмосферата на Олимпико спласна уште во деветата минута кога по еден брз противнапад Мане погоди за водство на Ливерпул од 1-0.

Само пет минути подоцна топката го погоди несреќниот Милнер и влезе во голот на Ливерпул за изедначување на 1-1, но во 25. минута Вајналдум со глава го врати водството на Англичаните.

По седум минути игра во вториот дел Џеко го изедначи резултатот на 2-2, босанскиот напаѓач беше во мал офсајд кој судиите не го забележаа.

Можеби се ќе беше поинаку доколку судиите покажаа пенал за Рома кога Арнолд играше со рака, топката одеше во голот, а неговата рака беше во неприродна положба.

Рома доцна, во 86. минута со еден шут од далечина на Наинголан го сврте натпреварот и поведе со 3-2, но веќе беше доцна.

Во последните секунди од мечот Рома доби пенал, Наинголан даде уште еден гол за конечни 4-2.

Во финалето во Киев, Ливерпул ќе игра против Реал Мадрид кој синоќа го елиминираше Баерн Минхен.