24фудбал

Мане: Можеме да победиме било кого

Во Ливерпул пукаат од самодоверба во пресрет на големото финале.

Лига на Шампиони

Ливерпул против Реал Мадрид ќе се бори за овосезонската титула во Лигата на шампионите, а од таборот на англискиот тим веруваат дека можат да дојдат до триумф.

Садио Мане вели дека неговата екипа може да победи било кого, додаде дека Реал Мадрид има силен состав, но и тимот на Ливерпул не е за потценување.

Доколку сакате да ги одмерите силите со Реал, тогаш морате да размислувате за нивните фудбалери кои ги имаат во својот состав. Нивната екипа е една од најдобрите на светот, но ние сме Ливерпул, исто со силен состав, можеме да победиме било кого, ќе дадеме максимум од себе за да дојдеме до толку посакуваната победа во финалето“ истакна офанзивецот.