24фудбал

Мајнц избори опстанок во Бундеслигата, Борусија Дортмунд се уште не обезбеди место во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Се одигра претпоследното, 33 коло во најсилниот фудбалски шампионат на германската Бундеслига.

Германија

Денес на програмата беа сите натпревари од редовното 33 коло во Бундеслигата, а од нив го издвојуваме мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Мајнц, каде гостите приредија изненадување, со триумфот од 1-2.

Мајнц со погодоците на Баку и Муто, во 4. односно 13. минута најави шок за домаќините кои преку Филип во 16. минута само го ублажија поразот.

Со оваа победа Мајнц стигна до 36 бода сезонава, а воедно и осигура опстанок во елитното друштво на Германија, а Борусија Дортмунд го избра потешкиот пат за место во Лигата на шампионите следната сезона, од причина што сега последното коло ќе решава за третото и четвртото место на табелата, а на Милионерите им беше потребен барем бод од денешната средба.