24фудбал

Големо изненадување во соблекувалната на Каталонците, на прославата се појави и легендата на Барселона (ФОТО)

Славјето во соблекувалната на Каталонците донесе и едно изненадување со појавувањето на легендата на клубот.

Шпанија

За Барселона последното Ел Класико кое се играше изминатиот викенд а заврши нерешено со резултат 2-2 на Камп Ноу арената немаше никакво резултатско значење, од причина што титулата во Шпанија веќе беше загарантирана, но, големото дерби самото по себе донесе голем натпреварувачки дух на теренот, како и секогаш.

По мечот следеше прослава во соблекувалната на Барселона за освоениот трофеј во Примера, а се појави и легендата на клубот, Ривалдо кој за момент ги изненади фудбалерите на каталонскиот гигант.


Ривалдо одигра 157 натпревари во дресот на Каталонците во периодот од 1997. до 2002. година, на кои постигна и 86 погодоци.