24фудбал

Олимпик Марсеј не доби пенал, Руди Гарсија се „превртуваше“ на тревникот крај аут линијата (ВИДЕО)

Интересна реакција на искусниот француски фудбалски стратег која за момент стана хит.

Франција

За Олимпик Марсеј победата од дуелот против Ница со 2-1 изминатиот викенд во најсилниот фудбалски шампионат во Франција беше од огромно значење во битката за топ трите места на табелата кои водат во Лигата на шампионите идната сезона, и покрај фактот што игра финале на Лига Европа.

Во една ситуација домаќините на Велодром арената бараа најстрога казна, главниот арбитар на средбата оцени дека не постоело такво нешто и дозволи играта да продолжи, Руди Гарсија, тренерот на Олимпик Марсеј имаше ретко видена реакција на сето тоа...