24фудбал

Сари: Скудетото го загубивме во хотел, не на терен

Тренерот на Наполи, Маурицио Сари жали што неговиот тим не ја прекина доминацијата на Јувентус и за тоа го обвинува распоредот на натпревари.

Италија

Наполи синоќа со 2-0 ја победи Сампдорија и постави клупски рекорд освојувајќи 88 бода во Серија А, но и покрај тоа Јувентус повторно го освои Скудетото.

Сари вели дека фактот што Јувентус најголем дел од натпреварите ги игра пред Наполи, имал негативен психолошки ефект бидејќи играчите ги гледале победите на Старата Дама во хотел пред да ги играат своите дуели.

Како пример го издвои поразот против Фиорентина кој дојде по победата на Јувентус на гостувањето кај Интер со два гола во самиот финиш од мечот.

„Требаше да си легнеме порано во саботата навечер во Фиренца... Тимот доживеа психолошки удар и тоа се почувствува на резултатот следниот ден. Единствено нешто за што жалам оваа сезона е тоа дека Скудетото го загубивме во хотел, не на терен“, вели Сари.

„Во последните 16 натпревари игравме 14 пати после Јувентус и ги гледавме како секогаш победуваат, тоа лошо се одразуваше на нас“.

„Овој спорт стана бизнис за секој. Треба да остане спорт, бидејќи доколку стане само бизнис, многу брзо ќе заврши“