24фудбал

Наполи со големо тренерско име ќе го брка Скудетото следната сезона

Маурицио Сари ќе го напушти Наполи по крајот на сезоната, а според италијанските медиуми на негово место ќе дојде искусен италијански стратег.

Италија

Се работи за Карло Анчелоти, во Италија се пишува дека тој веќе се договорил со Наполи.

Претседателот на Наполи имал неколку телефонски разговори со Анчелоти и договориле состанок за 21. мај.

„КалчоНаполи24“ оди чекор подалеку со сторијата и пишува дека поранешниот тренер на Милан, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен уште оваа недела ќе потпише договор со Наполи.

Наполи оваа сезона беше блиску до Скудетото, но не успеја. Клубот не се откажува од својот сон, сака по долго време повторно да биде шампион на Италија, па се надеваат дека тоа ќе го направат со Карло Анчелоти кои знае како се освојуваат титули.