24фудбал

Венгер е лојален на Арсенал: Би го предал клубот доколку останам во Премиерлигата

Францускиот стратег пресече, дефинитивно нема да остане во Англија.

Англија

Арсен Венгер по цели 22 години минати на клупата на англискиот Премиерлигаш Арсенал, се повлекува од тимот од Лондон каде имаше и успеси, но и неуспеси, особено во последните неколку години.

Иако се шпекулираше дека Французинот ќе стави крај на својот тренерски ангажман, сепак, до тоа нема да дојде, но, тој отфрли било каква можност да остане во Премиерлигата, тоа според него би било предавнички чин кон Арсенал.

Многу ќе ми биде тешко без Арсенал, сакам да продолжам да работам, но морам да се преселам одовде, од оваа земја, доколку би останал во Премиерлигата, со тоа би го предал својот клуб. Мојот клуб е овде, моето срце е овде, и засекогаш ќе биде така, јас сум навивач на Арсенал, така и ќе остане“ истакна тој.