24фудбал

Интер ги претстави домашните дресови за идната сезона (ФОТО)

Тимот од Милано внесе два елементи на новата гарнитура домашни дресови кои се посебни за фановите.

Италија

Италијанскиот калчолигаш Интер ги презентираше дресовите кои ќе ги користи на натпреварите пред своја публика во сезоната 2018/19.

Идната година Интер и брендот за спортска опрема „Најк“ ќе одбележат 20 годишна соработка, а новата гарнитура дресови комбинира елементи од два омилени дела на фановите на тимот од Милано од минатото, дресовите од Најк од сезоната 1998/99, како и доста популарната гарнитура на дресови од сезоната 2010/11.