24фудбал

Мурињо го контактирал Бонучи за трансфер во Манчестер јунајтед

Италијанскиот дефанзивец би можел да се пресели на Олд Трафорд.

Англија

Според информациите кои ги пренесе Тутоспорт, се вели дека Леонардо Бонучи е главната цел на Жозе Мурињо за претстојниот летен преоден рок, иако, италијанскиот дефанзивец пред само една година потпиша за Милан. Наводно португалскиот стратег веќе го контактирал Бонучи за неговата идеја да го доведе на Олд Трафорд.

Информациите велат дека постои опција Милан да го пушти својот капитен да си замине на Островот на позајмица со можност Манчестер јунајтед целосно да го откупи неговиот договор, но, Милан наводно не сака ниту да слушне за сума под 40 милиони евра.

Како за потсетување, Бонучи од Јувентус се пресели во Милан за 40 милиони евра, а тој има договор со тимот од Милано кој има важност уште цели четири години.