24фудбал

Виеира имал телефонски разговор со челниците на Арсенал, но бил разочаран по истиот

Повеќе имиња се споменуваат како опции за тренерското столче на Премиерлигашот, помеѓу нив секако е и Патрик Виеира.

Англија

Виеира одигра 279 натпревари во дресот на Топчиите каде постигна и 29 погодоци во деветте години минати во тимот од Лондон, а сега се споменува како опција да го замени долгогодишниот тренер на таа екипа, Арсен Венгер кој се повлекува по цели 22 години.

Французинот моментално ја предводи американската екипа Њујорк Сити, а се шпекулира дека веќе остварил разговор со челниците на Арсенал околу преземање на кормилото на англискиот Премиерлигаш.

Информациите кои пристигнуваат велат дека Виеира бил доста разочаран по телефонскиот разговор кој го имал, па ако им се верува на овие информации, во тој случај извесно е дека Французинот би отпаднал од комбинација да седне на клупата на Арсенал.