24фудбал

Челси доби „корпа“ од Сари?

Ланскиот англиски првак очигледно не го убеди тренерот на Наполи да седне на тренерското столче.

Италија

Според информациите кои ги пренесуваат дел од италијанските медиуми се вели дека претседателот на Наполи, Де Лорентис, како и Маурисио Сари, шефот на стручниот штаб на таа екипа, имале разговор околу продолжување на соработката со тренерот.

Иако се шпекулираше дека Сари ќе седне на тренерското столче на Челси, кој извесно е дека ќе ја раскине соработката со Антонио Конте, очигледно до тоа нема да дојде.

Наводно Сари се одлучил да остане во Наполи кој му нуди нов договор со годишна плата од 3,5 милиони евра, која со бонуси може да достигне и 4 милиони евра.