24фудбал

Венгер за Артета: Тој ги поседува сите квалитети да го предводи Арсенал

Францускиот стратег тврди дека Артета знае што е важно во Арсенал.

Англија

Микел Артета е еден од главните фаворити за наследник на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, францускиот стратег се повлекува од тимот од Лондон по цели 22 години соработка, а тој не крие дека Артета е еден од неговите фаворити, за него смета дека ги поседува сите квалитети за да ја одработи таа задача.

Тој ги поседува сите потребни квалитети за да одработи работата во клубот, да, тој е еден од моите фаворити“ рече Французинот.

Артета беше дел од редовите на Арсенал пет сезони (2011/16) каде одигра 110 натпревари а притоа постигна и 14 погодоци, моментално е асистент тренер на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити.