24фудбал

Вилшир му е понуден на ПСЖ?

Францускиот првак има опција да го ангажира фудбалерот кој не доби повик од Англија за Светското првенство во Русија идниот месец.

Франција

Извесно е дека Џек Вилшир летово ќе си замине од Арсенал откако нема никакви најави дека тој ќе ја продолжи соработката со тимот од Лондон, со кого има важечки договор уште еден месец.

Според информациите кои ги пренесува „ЛЕкип“, агентите на Вилшир му го понудиле фудбалерот на ПСЖ, а постојат најави кои велат дека тој нема да продолжи во Премиерлигата, туку ќе игра вон Островот.

Постоеа падежи во формата на Вилшир, особено откако подолг период мина со повреда, но се врати во својата препознатлива форма, но, не доби повик од селекторот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт за Мундијалот, па фудбалерот изрази голема разочараност поради одлуката на селекторот да го изостави, велејќи дека се чувствувал подготвен да ги одработи сите негови зададени задачи, доколку дојде до такво нешто за Светското првенство.