24фудбал

Роналдо ги прокоментира најавите за трансфер на Нејмар во Реал

Првата ѕвезда на „Кралевите“, Кристијано Роналдо беше запрашан што мисли за најавеното пристигнување на Нејмар и можното партнерство со Бразилецот

Шпанија

Подолго време се говори дека Флорентино Перез го сака Нејмар, преговорите се започнати, веќе се остварени неколку средби и се говори за нов рекорден трансфер од околу 300 милиони евра. 

Па на оваа тема беше запрашан и самиот Кристијано Роналдо, кој вчера беше гостин во емисијата „Ел Чирингито“ на МЕГА ТВ.

„Нема да биде лошо.... Роналдо заедно со Нејмар?“ - гласеше прашањето на новинарот, на кое ЦР7 со насмевка на лицето одговори: “Не знам, јас не ги контролирам овие работи. Постојано се зборува за засилувања. Тука сум осум години и се шпекулира за 50 играчи дека ќе пристигнат но на крајот никој не доаѓа“.

„Во септември треба да пристигнат многу играчи, но на крајот оние кои играат финале секогаш се оние истите“.