24фудбал

Милан Ристовски на секои 83 минути дава гол и сериозно тропа на вратата на првиот тим на Ријека (ФОТО)

Братот на Стефан Ристовски, Милан одигра фантастична сезона во младинскиот тим на Ријека, тој е најдобар стрелец во јуниорската лига на Хрватска и сериозно се наметнува кај тренерот на сениорскиот тим за следната сезона.

Македонија

Милан Ристовски кој минатиот месец наполни 20 години чекори по стапките на својот славен брат Стефан.

За разлика од Стефан, Милан игра во нападот и головите се неговото најважно мерило, а ако ја погледнеме неговата статистика за оваа сезона таа изгледа и повеќе од одлично.

Македонскиот фудбалер е најдобар стрелец во јуниорската лига во Хрватска.


Тој одиграл 17 натпревари на кои постигнал исто толку голови. Поминал вкупно 1417 минути на теренот, што значи дека давал гол на секои 83 минути.


Одличната сезона во јуниорскиот тим треба да му обезбеди поголема минутажа во првиот состав на Ријека следната сезона.