24фудбал

Официјално: Емери е нов тренер на Арсенал

Арсенал го потврди наследникот на Арсен Венгер, Унаи Емери ќе биде новиот тренер на „топчиите“.

Англија

По повеќе од две децении Арсенал добива нов тренер, изборот падна на поранешниот стратег на Севиља и ПСЖ, Унаи Емери.

„Унаи Емери ќе биде нашиот нов главен тренер. Тој доаѓа во клубот по двегодишната работа во ПСЖ, каде ја освои Лига 1, Купот на Франција и Лига Купот“, стои во соопштението на Арсенал.

Тој е возбуден што ќе ја има честа да биде новиот тренер на Арсенал.

„Воодушевен сум што доаѓам во еден од најголемите клубови во фудбалот. Арсенал е познат и сакан низ целиот свет поради стилот на игра, посветеноста кон младите играчи, фантастичниот стадион, начинот на кој работи клубот. Многу сум возбуден што ми е дадена одговорноста да почнам ново важно поглавје во историјата на Арсенал. Сопствениците имаат големи амбиции и сакам заедно да им дадеме посебни моменти и спомени на оние кои го сакаат Арсенал“, изјави Емери.

Долго време се шпекулираше дека Артета ќе биде новиот тренер, но на крајот помалку изненадувачки изборот падна на Емери.