Категорија: Франција 23.05.2018 16:01
Легендарниот Буфон по 17 години го напушти Јувентус но не стави крај на кариерата. Деновиве се шпекулира за неговата иднина.
Некои информации велат дека ПСЖ му нуди четиригодишен договор иако тој има 40 години. Но претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи во интервју за „Екип“ има интересна изјава која нема да им се допадне на фановите на голманот.
„Го имаме Ареола, тој е нашиот број 1. Сигурно така ќе биде и следната сезона“, вели претседателот на ПСЖ.
„Буфон е фантастичен голман, има голема харизма, вистински џентлмен. Сигурен сум дека сите клубови го сакаат“.