24фудбал

Величе Шумуликоски стави крај на фудбалската кариера

Поранешниот македонски репрезентативец, Величе Шумуликоски на 37 години ги „обеси копачките“.

Македонија

Шумуликоски е третиот македонски фудбалер со најмногу настапи за националниот тим, вкупно 84.

Тој реши да стави крај на кариерата на 37 годишна возраст. Неговиот последен тим е Словачко за кој настапуваше од 2013 година.

Шумуликоски во својата кариера играше за Целје, Зенит, Бурсаспор, Ипсвич, Престон, Сибир Новосибирск, Тијанџин и Словачко.

Се очекува Шумуликоски да остане во фудбалот и да започне тренерска кариера.