24фудбал

Трајковски можеше да се прослави од слободен удар, Палермо се избори за 1-1 (ВИДЕО)

Палермо се избори за добар резултат на гостувањето кај Венеција во првиот меч од плеј-офот за пласман во Серија А, „Сицилијанците“ одиграа 1-1

Македонија

Откако не обезбеди место кое директно води во елитата, Палермо сега ќе се обиде да се врати во Серија А преку плеј-офот. Вечерва се одигра првиот натпревар од полуфиналето, „Сицилијанците“ се изборија за 1-1 на гостувањето кај Венеција.

Александар Трајковски, кој беше стартер, можеше да се прослави со прекрасен гол, но неговиот слободен удар од 25 метри беше одбранет со крајни напори од страна на голманот на домаќините.

Палермо поведе во 53. минута, Ла Гумина ги донесе гостите во предност, но радоста кратко траеше, Венеција во 57. минуа изедначи на 1-1 преку Марсура.

Илија Несторовски мечот го започна од клупата, доби шанса во завршницата токму на местото на Александар Трајковски, но немаше ниту прилики ниту време за да направи нешто.