24фудбал

Македонија напредува на ФИФА ранг листата, скок од шест места

Македонската фудбалска репрезентација се искачи на 71. место на последната ФИФА ранг листа што е најдобар ранкинг во последните девет години.

Македонија

И покрај тоа што Македонија не одигра ниту еден натпревар во изминатиот период има добар напредок на последното рангирање, скокнавме за шест места на листата и сега сме на 71. место со 451 поен.

Меѓу најдобрите десет нема многу промени. Германија е прва, по неа следуваат Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија.