24фудбал

Роналдо јуниор го импресионираше својот татко (ВИДЕО)

Крвта не е вода, синот на Португалецот го покажа својот фудбалски талент.

Останато

Португалија синоќа ја одигра последната контролка пред настапот на Светското првенство, а со 3-0 на домашен терен во Лисабон беше подобра од Алжир, и тоа со двата гола на Гуедес, односно едниот на Фернандес, последниот по асистенција на Роналдо.

Синот на Роналдо се најде на теренот по мечот, а тој најде начин како да го импресионира неговиот татко, па имаше еден фантастичен финиш во една ситуација при која ја воодушеви фудбалската јавност, инаку, има само седум години.