24фудбал

Лука Тони му предложи на Баерн да го пушти Левандовски и посочи замена за него

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Лука Тони има предлог за Баварците како да го решат проблемот со офанзивата.

Германија

Левандовски сака да си оди од Баерн Минхен, но клубот бара 200 милиони евра за негов трансфер што е премногу.

Лука Тони смета дека Баерн Минхен треба да го олабави ставот, да го продаде Левандовски бидејќи на пазарот има подобри играчи од него.

„Доколку фудбалерот сака да си оди, пуштете го“, вели Лука Тони за Билд.

„Икарди од Интер би бил перфектен за Баерн Минхен. Тиј е силен и многу помлад“.