24фудбал

Македонецот може да се врати во Милано: Пандев е опција за Интер!

Газета дело спорт пренесе дека капитенот на Македонија би можел повторно да го облече дресот на Интер.

Македонија

Газета дело спорт пишува дека најдобриот македонски фудбалер, 34 годишниот Горан Пандев кој се уште го нема продолжено договорот со Џенова, би можел да се врати во Интер.

Според информациите кои ги пренесува италијанскиот медиум, Пандев се споменува како идеално решение за засилување на резервните напаѓачки опции за тимот од Милано, за Мауро Икарди.

Сепак, ќе потенцираме дека за Интер приоритет е Николас Гонзалес од Аргентинос Јуниорс, а доколку не дојде до реализација на негов трансфер, тогаш опција меѓу повеќето е и Пандев.

Како за потсетување, Струмичанецот беше дел од редовите на Интер во сезоната 2009/10 кога тимот од Милано под водство на Жозе Мурињо стигна до историската „триплета“.