24фудбал

Реакцијата на Салах кога навивач го допре по повреденото рамо (ВИДЕО)

Мохамед Салах ќе биде подготвен за почетокот на Светското првенство, но ѕвездата на Египет се уште е осетлива на допир на повреденото рамо.

СП 2018

Салах успешно ја заврши рехабилитацијата во Валенсија и се приклучи на тренинзите на неговата репрезентација. Информациите велат дека ќе биде подготвен и за првиот меч на Светското првенство.

Селекцијата на Египет синоќа од аеродромот во Каиро летна кон Русија, илијадници жители ги испратија своите херои. Еден од нив успеа да дојде до Салах кој се симнуваше од автобусот и да направи селфи со него. Кога го допре по повреденото рамо, фудбалерот му ја тргна раката. 

Погледнете ја реакцијата на Салах: