24фудбал

Шпанија има голем проблем пред дуелот со Португалија

Двајца стандардни репрезентативци се повредија пред клучниот дуел во групата, тие се неизвесни за настап во петок.

СП 2018

Шпанија е помеѓу главните фаворити за освојување на светската титула на Мундијалот во Русија, но тимот на Хулен Лопетеги се соочува со проблеми пред првиот меч.

Стандардните репрезентативци Жерард Пике и Давид Силва се неизвесни пред клучниот дуел во групата „Б“ за Црвената фурија, пресметката со Португалија, меч кој воедно е за првото место во таа конкуренција, ако се земе во предвид дека останатите две селекции се Мароко и Иран.

Според информациите кои ги пренесе Марка, Пике се здобил со повреда на коленото на денешниот тренинг, а Силва исто така предвреме го напушти тренингот, но причината за тоа засега е непозната.

Мега пресметката помеѓу Португалија и Шпанија е предвидена да се одигра во петок со почеток од 20 часот.