24фудбал

Наполи доби зелено засилување (ВИДЕО)

Наполи на уникатен начин го претстави своето ново засилување во нападот.

Италија

Наполи денеска го комплетираше трансферот на напаѓачот и специјалист за слободни удари Симоне Верди кој пристигна од Болоња за сума од 25 милиони евра.

Клубот на еден необичен начин го промовираше новото засилување. Имено Верди на италијански значи зелени, па на својот твитер профил Наполи напиша „50 нијанси на зелено, добредојде Верди“ и објави видео на кои се менуваат зелени работи.