24фудбал

Тиаго Силва: Не би можел да му кажам „не“ на Милан!

Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва вели дека не би можел да го одбие Милан ако италијанскиот клуб му понуди да се врати на Сан Сиро.

Италија

33-годишниот бразилски дефанзивец имаше преку 100 настапи за Милан помеѓу 2009 и 2012 година, го освои и Скудетото со Росонерите, но клубот имаше потреба од пари па беше продаден во ПСЖ за 42 милиони евра.

„Милан ми е во срцето и секогаш ќе биде таму, како би можел да им кажам „не“ на нив?“, изјави Тиаго Силва за „Газета дело Спорт“.

„Никогаш не е лесно да зборуваш за иднината, но никогаш не можеш да кажеш никогаш во фудбалот. Се е возможно. Враќањето таму би било и крај на кариерата, тоа би било прекрасно“.

„Гатузо? Тој е перфектен човек за овој момент во Милан. Јас сум голем фан на Милан и го следам со голем интерес. На италијанскиот и европскиот фудбал потребен му е вистински Милан“.

„Патот изгледа долг за жал, но овие проблеми се неминовни кога се случуваат големи промени. Никогаш не е лесно за фудбалерите, новите директори и пред се тренерот. Рино прави одлична работа и може да додаде вистинска вредност во клубот“.