24фудбал

Гризман си игра мајтап со јавноста

Фудбалската јавност очекуваше Антоан Гризман денеска на прес конференција да ја соопшти одлуката за својата иднина, но тој не го направи тоа.

Франција

Гризман вети дека пред почетокот на Светското првенство ќе ја каже одлуката за својата иднина, дали ќе остане во Атлетико Мадрид или ќе се пресели во некој друг клуб.

Фудбалскиот свет очекуваше дека Французинот ќе го исполни ветувањето и со нетрпение се очекуваше неговата изјава од денешната прес конференција.

Но првото нешто кое го рече откако седна на столчето на прес конференцијата беше: „Денеска не е денот да зборувам за мојата иднина. Да, веќе донесов одлука за мојата, но денеска нема да зборувам за тоа, не е ниту место, ниту време“.

Гризман на прес конференцијата зборуваше само за работи поврзани со репрезентацијата на Франција.