24фудбал

Социјалните мрежи не забораваат, еве што Лопетеги збореше за Роналдо и Меси пред десетина дена

Новиот тренер на Реал Мадрид има една изјава која воопшто не му се допаѓа на првата ѕвезда на Кралевите.

Шпанија

Многумина беа изненадени со заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на Реал Мадрид, а како уште поизненадувачка вест одекна во фудбалската јавност и именувањето на Хулен Лопетеги за негов наследник на клупата на европскиот првак.

Тоа што е доста интересно денес, е фактот што фудбалската јавност се потсети на неговата изјава дадена пред само две недели, во која истакна дека за него, најдобар фудбалер во светот е Лионел Меси, впрочем, ѕвездата на Барселона ја наведека како фудбалер по кој е исклучително тешко да најдете некој како него.

Лео Меси е најдобриот фудбалер кого сум го сретнал. Премногу е тешко да се најде некој фудбалер како него повторно. Задоволство е да се гледа како игра тој, за мене, тој е најдобриот во историјата на оваа игра“ рече тогаш Лопетеги, ова е веројатно изјава која воопшто нема да му се допадне на предводникот на Кралевите, Кристиано Роналдо.

Лопетеги се договори на тригодишна соработка со Кралскиот клуб, чие кормило ќе го преземе по Светското првенство во Русија.