24фудбал

Лопетеги закажа прес во 10:30, Шпанија ќе го избрка селекторот на ден пред светско?!

Хулен Лопетеги за помалку од еден час ќе се појави пред медиумите во Русија заедно со првиот човек на федерацијата, некои шпекулации велат дека тој ќе го напушти кормилото на Шпанија

СП 2018

Реал Мадрид вчера на големо изненадување соопшти дека Хулен Лопетеги ќе биде наследникот на Зинедин Зидан, стратегот ќе седне на тренерското столче на Бернабеу по крајот на Светското првенство.

Последните информации велат дека на луѓето од Фудбалската федерација на Шпанија не им се допаѓа ова, па размислуваат да му врачат отказ на само ден пред Светското првенство. Селекторот вчера беше снимен како има тензична дискусија со директорот Фернандо Јеро.

Холен Лопетеги во 10:30 треба да се појави на прес конференција на која ќе ја образложи својата одлука, а по него со медиумите ќе разговара и првиот човек на федерацијата, Луис Рубиалес.

Тој би можел да соопшти дека Хулен Лопетеги нема да ја предводи „Црената Фрурија“ на мундијалот, и дека во петок друг стратег ќе седи на кормилото за дуелот со Португалија.

Еден ваков потег сигурно ќе донесе голем хаос и драстично ќе ги намали шансите на Шпанија да биде шампион. „Фуријата“ во Русија пристигна како еден од фаворитите.