24фудбал

Вестите кои ги чекаше цел Египет, Ектор Купер откри дали Салах ќе игра против Уругвај

Селекторот на Египет, Ектор Купер попладнево се појави на прес конференција во пресрет на дебито на мундијалот и најави дека првата ѕвезда Мохамед Салах е подготвен за настап

СП 2018

Цел Египет изминатиов период беше во исчекување на вестите за процесот на опоравување на Мохамед Салах, кој заработи повреда на десното рамо во финалето од Лигата на шампионите.

Фудбалерот на Ливерпул беше неизвесен за стартот на мундијалот, но денеска Ектор Купер соопшти добри вести. Селекторот на Египет откри дека Мохамед Салах ќе биде стартер против Уругвај.

„Салах се чувствува навистина добро, се опоравува многу брзо. Речиси со 100% сигурност можем да кажам дека ќе игра, секако доколку не се случи нешто непредвидено во последен момент – рече Купер на денешната прес конференција.

„Докторите му даваат опција да игра или да не игра. Го познавам Салах многу добро и тој не се плаши. Сепак, сите сме свесен дека секогаш има одреден ризик.