24фудбал

Постигнат е првиот гол на Мундијалот: Русија поведе против Саудиска Арабија! (ВИДЕО)

На отворањето постигнат е првиот гол на Светското првенство во Русија.

СП 2018

Русија, домаќинот на Светското првенство дојде до почетно водство во првиот дуел на големиот фудбалски турнир против Саудиска Арабија.

Газински во 12. минута убаво реагираше со глава и погоди во мрежата од голот на Саудијците, ова е гол кој ветува многу, а воедно отвора многу патишта за Зборнаја.

 

Русија е во групата „А“, а за противници ги има уште и Египет и Уругвај, тие две селекции играат утре со почеток од 14 часот.