24фудбал

Мундијалот стартуваше со два прекрасни гола на Русите (ВИДЕО)

Домаќинот ја оправда фаворитската улога, а приреди и мало фудбалско шоу на теренот.

СП 2018

Русија сосема очекувано славеше убедлива победа од 5-0 против Саудиска Арабија на самиот старт на Светското првенство на кое таа е домаќин.

Два од петте гола на Зборнаја беа вистински фудбалски мајстории, најпрво би го издвоиле оној на Черишев со надворешна за 4-0, а потоа и оној од слободен удар на Головин со што пукна петарда уште на стартот на големиот фудбалски турнир.