24фудбал

Пици: Не очекувавме ваков пораз, меч за заборав

Селекторот на Саудиска Арабија, Хуан Антонио Пици вели дека Русија не изненадила, причина за убедливиот пораз е лошата игра на неговата репрезентација.

СП 2018

Саудиска Арабија прими пет гола од Русија на отварањето на Светското првенство, се чини дека ниту домаќинот не очекуваше дека толку убедливо ќе слави.

„Ова беше тежок натпревар, доживеавме голем, неочекуван пораз. Русија одигра многу добро, ние не покажавме дека сме во добра форма. Не верувам дека противникот направи нешто што не изненади, мислам дека ова е резултат на нашите лоши перформанси. Мора да промениме нешто. Треба да го заборавиме овој меч и да мислиме на следниот. Имам верба во овие фудбалери“, вели Хуан Антонио Пици.