24фудбал

Черишев: Ни на сон не би можел да очекувам вакво нешто

Денис Черишев е играчот на првиот натпревар на Светското првенство, тој влезе од клупата за резервни играчи и даде два прекрасни гола во победата на Русија од 5-0 над Саудиска Арабија.

СП 2018

На Џагоев му се стемни, на Черишев му се раздени. Џагоев се повреди и излезе во 24. минута, на негово место влезе Черишев и блесна.

Пред крајот на првото полувреме помина двајца дефанзивци на Саудиска Арабија и погоди за 2-0, а во судиското продолжение постигна прекрасен гол од далечина. Тој е прогласен за играч на мечот.

„Не можев ниту да сонувам за вакво нешто. Бев среќен со самото тоа што сум во составот. Мојот втор гол, го работевме тоа за време на тренинзите. Се обидував да бидам таму со Џуба, тој ја освои топката со глава, а јас само ја шутнав, немав ни време да размислувам“, вели Черишев.