24фудбал

Како Барса го врбувала Гризман, еве што му ветиле „Каталонците“ на напаѓачот

Антоан Гризман вчера соопшти дека останува во Атлетико а својата одлука ја пренесе на необичен начин, напаѓачот сними документарен филм во кој долови низ се што поминувал изминативе месеци и каква понуда добил од Барса

Шпанија

Французинот летово имаше опција да се пресели на Камп Ноу, „Каталонците“ беа подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра и да го донесат на Камп Ноу.

Сепак, оваа клаузула може да се активира дури по 1. јули, па Атлетико Мадрид го искористи временскиот вакум за да седне на маса со Антоан Гризман, да му понуди огромна плата и сериозен проект за атак на титулите.

„Колчонероси“ на крајот ја добија битката, Антоан Гризман вчера соопшти дека останува. Тој ова го стори на необичен начин и сними документарен филм за да долови низ се што поминувал и како ги разгледувал сите можности со семејството и сопругата.

Во документарецот беше обелоденето и како Барселона го врбувала Гризман. Напаѓачот доби телефонски повик од неговата сестра, која воедно е и негов агент. Таа му ја пренесе пораката од „Каталонците“ и му кажа: „Ми рекоа дека сосема нормално е тоа што Атлетико ти нуди многу повеќе пари бидејќи си главен играч на клубот“.

„Треба да избереш дали сакаш да останеш во Атлетико за многу поголема плата од онаа во Барса но во исто време да ризикуваш да не триумфираш во Лигата на шампионите, или да се преселиш во Барса каде ќе имаш помала плата во следните години“.

„Од Барса велат дека спортскиот проект е многу подобар, тие три години ја немаат освоено Лигата на шампионите и сакаат да ја освојат со тебе. Во Барса ќе ти биде полесно да стигнеш до трофејот од Лигата на шампионите отколку во Атлетико“.