24фудбал

Во Саудиска Арабија нема лабаво, дел од фудбалерите ќе бидат казнети за поразот од Русија

Саудиска Арабија доживеа вистински дебакл на отварањето на Светското првенство, загуби од Русија со 5-0 и ја разочара нацијата.

СП 2018

Некои сметаат дека поразот може да се должи и на постот за празникот Рамазан Бајрам, но како и да е, Фудбалската федерација на Саудиска Арабија најави казни за фудбалерите, посочи тројца.

„Многу сме разочарани поради поразот. Присутно е големо незадоволство од овој резултат бидејќи не е на нивото на мечевите кои ги игравме во подготовките. Некои играчи ги очекува казна, во прашање се голманот Абдула Ал Маџуф, напаѓачот Мохамед Ал Сахлави и дефанзивецот Омар Хосави“, вели претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Адел Езат.

Не е познато какви казни ќе добијат фудбалерите.