24фудбал

Табарез: Ако беше Салах на теренот, Египет ќе беше поинаков

Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез е задоволен од победата на својата репрезентација, вели дека важно за натпреварот било и отсуството на Мохамед Салах.

СП 2018

Уругвај успеа да го победи Египет со 1-0 во првиот натпревар на Светското првенство. Египјаните главно беа фокусирани на одбрана, но можеби нивната игра ќе беше поинаква ако во тимот беше Мохамед Салах.

„Доколку Мо Салах беше на теренот, сигурен сум дека Египет ќе имаше корист од тоа. Но ние во квалификациите имавме натпревари кои ги игравме без Суарез и Кавани, едноставно така е. Натпреварот ќе ни послужи како добро искуство во пресрет на следните предизвици“, изјави Табарез.