24фудбал

Реакцијата на Салах по примениот гол на Египет (ВИДЕО)

Ѕвездата на Египет не го криеше своето разочарување на клупата.

СП 2018

Египет беше едно од најпријатните изненадувања во квалификациите за Светското првенство, но, повредата на првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах донесе големо разочарување.

Фудбалерот на Ливерпул го проследи поразот на Египет од Уругвај со 0-1 од клупата за резервни фудбалери, не доби прилика за настап од селекторот Ектор Купер кој најави дека можно е да биде подготвен за следниот меч.

Хименез беше херојот на Уругвај со голот во финишот од средбата донесе победа за својата селекција, а кај поразениот табор камерите ја регистрираа тагата кај Салах...