24фудбал

Полувреме: Два шута, два гола на Роналдо против Шпанија (ВИДЕО)

Роналдо ја предводи Португалија до водство од 2-1 против Шпанија по првото полувреме на големото дерби кое се игра во Сочи во рамките на групата „Б“.

СП 2018

Доста возбудлив меч се игра во Сочи каде Португалија и Шпанија играат се чини директен дуел за првото место во групата.

По првите 45 минути игра резултатот е 2-1 во корист на Португалија, која поведе преку Роналдо уште во 4. минута.

Ударот од белата точка дојде откако Начо беше невнимателен по еден фантастичен потег на првата ѕвезда на Португалија кој го испрати Де Хеа на спротивната страна во неговиот удар во пеналот.

Голот уште во раната фаза најави возбудлив меч во продолжение, а израмнувањето стигна во 24. минута преку Диего Коста кој умешно се снајде во соло акцијата која ја приреде, а само три минути претходно Давид Силва имаше една мини-шанса која не ја искористи.

Веќе во 26. минута Шпанија имаше нова можност, Иско упати силен и прецизен удар, но конструкцијата од голот го спаси тимот на Португалија од негатива во овие моменти, а обидот беше ремек дело на фудбалерот на Реал Мадрид.

Шпанците се отворија а Алба имаше добар пас до Иниеста во казнениот простор, меѓутоа неговиот обид кон голот заврши близу десната статива.

На само една минута пред крајот на првиот дел Роналдо со својот втор обид кон голот на Де Хеа повторно го победи шпанскиот чувар на мрежата кој реално имаше и кикс при овој гол кој донесе водство од 2-1 за Португалија, резултат со кој се замина на паузата.



Претходно, во истата конкуренција Иран со автогол во самиот финиш дојде до победа во дуелот против Мароко со 1-0.