24фудбал

Роналдо го објасни хет-трикот и порача: Португалија ќе се бори до последниот свиреж!

Роналдо ја спаси Португалија од пораз во дуелот со Шпанија откако во 88. минута прекрасно погоди од слободен удар за да го комплетира својот хет-трик и да изедначи на 3-3

СП 2018

Португалија и Шпанија приредија вистински спектакл во Сочи со шест погодоци, но шоуто на крајот го украде Кристијано Роналдо. „Фуријата“ беше на прагот на победа откако направи пресврт во вториот дел, но ЦР7 во финишот од мечот маестрално биеше од слободен удар за да го комплетира својот хет-трик.

По извонредното издание, ЦР7 рече: „Напорно работам за ова, а и секогаш верувам во себе. Но морам да нагласам дека целиот тим одговори на предизвикот“.

„Почнавме добро, бевме во позитива, но потоа противникот поведе. Сепак, ние не се откажавме во ниту еден момент. Мислам дека ремито е фер исход од мечот. За овој резултат заслужен е целиот тим, сите се жртвуваа и верувавме до самиот крај. Ова е само прв натпревар, игравме против еден од фаворити и беше навистина тешко но демонстриравме дека ќе се бориме до последниот свиреж“.