24фудбал

Фернандо Сантош: Првиот гол на Диего Коста е прилично сомнителен, мислам дека имаше прекршок над Пепе

Селекторот на Португалија вели дека ремито од 3-3 против Шпанија е фер резултат, но смета дека првиот гол на Диего Коста требал да биде поништен поради прекршок над Пепе

СП 2018

Португалија во два наврати водеше против Шпанија но на крајот се спасуваше од пораз и со голот на Кристијано Роналдо од слободен удар во 88. минута се избори за 3-3.

Фернандо Сантош смета дека конечниот резултат бил фер, но се пожали дека првиот погодок на Диего Коста бил прилично сомнителен. Напаѓачот имаше воздушен дуел со Пепе, употреби лакт но судијата не досуди ништо, а не ја промени одлуката ни откако се консултираше со ВАР.

„Ова е фер резултат, добро го започнавме мечот но по водството веднаш се повлековме и Шпанија почна да игра онака како што сака, односно да го има поседот на топката. Имавме одговор и на ова, се заканивме со 2-3 добри контри и лесно можеше да поведеме со 2-0. Потоа примивме гол од прилично сомнителна позиција, мислам дека имаше прекршок над Пепе“ – вели селекторот на Португалија.

„Играчите пружија борба и имаа одличен пристап, бевме организирани и добро позицонирани. Можеби требаше да трчаме малку повеќе и побрзо да покриваме. Им дозволивме на противниците да играат тика-така“.