24фудбал

Хрватска со автогол води на полувремето (ВИДЕО)

Хрватската репрезентација има предност од 1-0 по првиот дел против селекцијата на Нигерија, африканската репрезентација сама си постигна гол.

СП 2018

Хрватска е подобар противник од Нигерија во првите 45 минути, доминацијата ја крунисаа со гол во 32. минута. По еден центаршут Манџукиќ биеше со глава, топката го удри Етебо и заврши во мрежата на Нигерија.

Седум минути подоцна имаа шанса преку Крамариќ да го зголемат водството, но неговиот удар со глава заврши над пречката.

Нигерија не успеа посериозно да се закани во првиот дел.