24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Нејмар и Бразил ќе се појават на сцената во Русија

Нејмар и Бразил вечерва ја започнуваат авантурата на мундијалот во Русија, прв тест за „Кариоките“ е Швајцарија

Останато

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Бразил - Швајцарија: Победа на домаќинот

Петкратниот шампион Бразил ја започнува авантурата на Светското првенство со пресметка против Швајцарија во Ростов. „Кариоките“ во Русија пристигнаа како главни фаворит, откако Тите одлично ги склопи коцките. Бразил беше извонреден во квалификациите и беше првиот тим кој се избори за пласман на мундијалот. Одличната форма продолжи и во подготовките, каде Вилијан, Фирмино, Жесус, Кутињо и првата ѕвезда Нејмар делуваа особено расположени за надигрување. Но воведниот меч воопшто нема да биде лесен, Швајцарија во квалификациите имаше дури девет победи во серија, а избраниците на Петковиќ исто така не се поразени и на четирите подготвителни меча, вклучувајќи го и ремито од 1-1 против Шпанија. „Кариоките“ се надеваат дека традицијата и вечерва ќе биде на нивна страна. Имено Бразил има победено на 16 од последните 18 воведни мечеви на мундијалите. Последен пат загубиле на дебити во далечната 1934. Исто така „Кариоките“ немаат пораз на последните 12 меча од групната фаза на Светските првенста (10 победи и два нерешни исходи). Последен пораз во групната фаза им го има нанесно Норвешка во 1998. Исто така, Бразил бил прв во својата група на секое Светско првенство од 1982 па наваму. Па за очекување е оваа убава серија да продолжии и сега, и избраниците на Тите со победа над Швајцаријад да го трасираат патот кон првото место во групата.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Костарика - Србија: Победа или реми за гостите

Бразил е фавориот во Групата Е, па останатите три селекци треба да се борат за втората позиција која носи во осминафиналето. Костарика пред четири години беше едно од попријатните изненадувања на мундиајлот, селекциајта од Средна Америка стигна до нок-аут фазата откако заврши прва во група во која уште беа Италија, Англија и Уругвај. Избраниците на Рамирез се надеваат дека ќе можат да го повторат овој успех, но ќе биде тешко. Што се однесува до Србија, „Орлите“ имаа одлични квалификации и го освоија првото место во групата, но потоа му врачија отказ на селекторот и го именуваа Крстајиќ за нов предводник. Под негово водство резултатите беа променливи, но во последниот тест пред мундијалот, Србија славеше со убедливи 5-0 над Боливија и покажа дека има квалитет за добар резултат во Русија. Србија има прилично талентиран тим со силен среден ред во кој се Немања Матиќ од Манчестер јунајтед, Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио, Душан Тадиќ од Саутемптон и Адем Љајиќ од Торино. Ова ќе биде прв дуел помеѓу Костарика и Србија, и нашиот сосед е благ фаворит, но ќе игра против традицијата. Имено Костарика во три наврати славеше во воведниот натпревар на СП на последните четири настапи, додека пак Србија загуби на дебити на последните два мундијалија со идентични 1-0. Сепак „Орлите“ имаат прилично талентиран тим и добар микс на младост и искуство за попладнево да се радува на три бода.

Германија - Мексико: Победа на домаќините

Актуелниот шампион ја започнува одбраната на титулата против незгодниот тим на Мексико, противник кој им е добро позната Ова ќе биде нивен четврти дуел на Светските првенства. Германија имаше перфектни квалификации и се пласираше на мундијалот со максимален број на бодови, но оттогаш па наваму „Панцирите“ забележаа само еден триумф, оној над Саудиска Арабија во последниот тест пред СП 2018. Мексико исто така се прошета во кфалицикациите и обезбеди настап во Русија на три кола пред крајот. Јоаким Лев покрај лошата форма изминатиов период се справуваше и со „политички“ проблеми откако Месут Озил и Илкај Гундоган се сликаа со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Овој потег не им се допадна на луѓето во федерацијата, ниту на навивачите. Се говори дека двајцата играчи ќе се најдат на клупата за резерви за воведниот меч на мундијалот. Гундоган веројатно и онака немаше големи шанси за место во стратниот тим, но Озил требаше да ја завземе плејмекерската позиција откако се опорави од повредата. Сега се најавува дека Марко Ројс ќе ја добие таа улога. Германија и Мексико веќе се сретнаа еднаш на руско тло, играа минатата година на Купот на Конфедерации, а тогаш „Панцирите“ славеа со убедливи 4-1. Во десегашните 11 пресметки на овие два тима, Мексико има само една победа и тоа во јуни 1985 во Мексико Сити. И покрај тоа што Германците се мачеа изминатиов период, за очекување е тие да го подигнат нивото во Русија и да тргнат со победа.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.