24фудбал

Полувреме: Костарика добро се брани, Србија не успева да пробие

Мрежите мируваа во првото полувреме на натпреварот меѓу Костарика и Србија. Србите се тие кои ја имаат топката и напаѓаат, Костариканците играат дефанзивни и засега добро им оди.

СП 2018

Србија тргна офанзивно уште од самиот почеток, но првата голема шанса ја имаше Гонзалез кој од идеална позиција биеше многу лошо со глава и го префрли голот на Стојковиќ.

Во продолжението од мечот се играше постојано на половината на Костарика, Србите напаѓаа, но тешко создаваа шанси, противникот одлично се бранеше не оставајќи простор за игра на Србија.