24фудбал

Крстајиќ и Коларов задоволни по победата над Костарика

Србија благодарение на прекрасен погодок на Коларов ја победи Костарика со 1-0, сосема заслужени три бода за нашиот северен сосед кој повеќе ја посакуваше победата.

СП 2018

Србија играше за да победи, Костарика за да не загуби, на крајот Коларов беше фудбалерот кој пресуди.

„Слободниот удар дојде во тежок момент од мечот и знаев дека можам да истапам и да ги променам работите и токму тоа го направив“, вели Коларов кој беше прогласен за играч на натпреварот.

Задоволен од победата е и селекторот Младен Крстајиќ.

„Моите фудбалери го имаа вистинскиот приод, единственото. Требаше да бидеме компактни и во дефанзивата и во нападот и тоа беше најважно. Не сакам да знам за статистиката, не ми е грижа што се случувало во минатото. Тоа што е најважно за мене е дека ние одигравме како тим и бевме фокусирани“, изјави Младен Крстајиќ.